Пет дена го носел својот татко на грб низ шумата за да прими вакцината

Фотографијата на староседелец во амазонската прашума, кој го носи својот татко на грб за да ја прими вакцината против Ковид-19, освен што е вирална, стана симбол и на комплицираните организациски проблеми со дистрибуцијата на вакцината во оддалечените делови на светот.
Фотографијата е направена од лекар – на неа 24. годишниот Тави го носи 67-годишниот Ваху, бидејќи и двајцата примиле доза од вакцината.
За да стигнат до контролниот пункт морале со часови да пешачат низ шумата.
Според официјалните податоци, 853. староседелци починале како последица на Ковид-19 во Бразил.
Но, членовите на оваа заедница велат дека таа бројка е многу поголема. Истражувањето на една бразилска невладина организација покажува дека само 1.000 домородци починале помеѓу март 2020. и март 2021. година.
Тави и Ваху се членови на заедницата Зои, која има околу 325. членови. Тие живеат релативно изолирани, живеат во села расфрлани на површина еднаква на 1,2 милиони фудбалски игралишта во јужната држава Пара.
Ерик Џенингс Симо, докторот кој ги фотографирал, вели дека Ваху едвај гледал прст пред око и дека тешко одел, поради хронични уринарни проблеми. Неговата проценка е дека Тави го носел својот татко на грб пет до шест часа.

This image has an empty alt attribute; its file name is tatko-i-sin-vakcina-pak.jpg
„Тоа е убав пример на прекрасен однос кој тие двајца го имаат“ ртекол докторот а бразилските медиуми.
Фотографијата е направена во јануари 2021 година – на почетокот на вакцинацијата во Бразил, една од земјите најтешко погодени од пандемијата. Но, д-р Симо ја споделил сликата на 1. јануари оваа година на Инстаграм со цел да „испрати позитивна порака на почетокот на новата година“.Кога започна вакцинацијата против Ковид-19 во Бразил, староседелците не се сметале за ризична група.
Здравствениот тим кој се грижи за заедницата Зои сега се соочува со предизвик, не би било изводливо да се посети секое село, бидејќи вакцинацијата би траела со недели, поради тоа колку селата се оддалечени едно од друго.
Затоа поставиле пунктови во шумите, а системот за вакцинација бил договорен со заедниците преку радио комуникација.
„Ние усвоивме практика која ја почитува и зема предвид културата и знаењето на народот Зои“, вели д-р Симо.
Ваху починал во септември минатата година, од засега непознати причини. Тави останал со своето семејство и неодамна ја примил третата доза од вакцината.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …