На Ѓоковиќ повторно му е укината визата: Има ли Новак шанси доколку се жали?

На Новак Ѓоковиќ повторно му е поништена визата за влез во Австралија! Министерот за имиграција Алекс Хок го искористи своето дискреционо право и ја укина визата на најдобриот тенисер во светот!
„Го искористив моето право да му ја поништам визата на господинот Новак Ѓоковиќ, бидејќи тоа е од јавен интерес.
Одлуката е донесена по наредбата на Сојузниот суд од 10. јануари 2022. година за поништување на првичното укинување на визата. При донесувањето на оваа одлука, внимателно ги разгледав информациите што ми ги дадоа МВР, Граничната полиција и г. Ѓоковиќ. Владата на Скот Морисон е целосно посветена на заштитата на границите на Австралија, особено за време на пандемијата на корона вирусот.Им благодарам на службениците на МВР и граничната полиција кои секојдневно работат во интерес на Австралија“, се вели во соопштението.

Претходно беше споменато дека ваквата одлука на министерот би значела депортација, но и можна забрана за влез во Австрија во следните три години.
Се очекува адвокатскиот тим на српскиот тенисер да поднесе жалба на ваквата одлука на министерот. Адвокатите на 20-кратниот победник на Грен слем се надеваат дека рочиштето би можело да се одржи во текот на викендот и да заврши во недела, што ќе му овозможи на Ѓоковиќ да го одигра првиот меч на Австралија Опен против неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ.
Потсетуваме, на Ѓоковиќ му беше укината визата по пристигнувањето во Австралија бидејќи тој наводно не доставил доволно докази за ослободување од задолжителна вакцинација. Најдобриот светски тенисер се жалеше до Сојузниот суд кој ја прифати неговата жалба откако беше утврдено дека на првиот рекет во светот му е ускратена процедуралната правда.
Србинот потоа влезе во Австралија, а претходните денови се подготвуваше за стартот на Грен слем турнирот кој го освои девет пати.

Дали Ѓоковиќ има шанса ако се жали?
Професорката на Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј, д-р Јанина Боуви, изјави дека српскиот тенисер може да побара од судот да ја преиспита одлуката на министерот.
„Реално е дека, освен ако има грешка во правниот процес или ако одлуката нема основа, шансите на г-дин Ѓоковиќ успешно да се жали на одлуката на министерот Хок се многу мали“, рече д-р Бауи.
Дописникот на Sydney Morning Herald и Foreign Affairs, Ентони Галовеј, вели дека министерот имал право да не избрзува со одлуката за укинување на визите, но дека правниот тим на Ѓоковиќ може да се жали дека министерот не ги земал предвид информациите што ги има соодветно.
Доколку има жалба, судењето повторно ќе го води судијата Ентони Кели, кој првично пресуди во корист на српскиот тенисер. Адвокатите на Ѓоковиќ се надеваат дека се би можело да се заврши до недела, за освојувачот на 20-та титула ГС да може да настапи во првото коло в понеделник.
Доколку Ѓоковиќ не поднесе жалба, веднаш ќе биде депортиран и во двата случаи се соочува со тригодишна забрана за влез во Австралија, но таа не е задолжителна туку може да се смени согласно одлуката на Судот во Мелбурн.
На 17. јануари стартува првиот Грен слем сезонава, во кој Ѓоковиќ требаше да се бори за рекордна десетта титула. Првиот противник на Ѓоковиќ кој беше одреден со ждрепка е неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ.

Ѓоковиќ утре ќе оди на интервју во службата за имиграција во Мелбурн, јавува Пол Сакал. Адвокатите на Новак во моментов разговараат со владини претставници. Дотогаш тој нема да биде во притвор, како што се шпекулираше.

This image has an empty alt attribute; its file name is pol-sakal.jpg

Адвокатскиот тим на Новак побарал одлуката по жалбата што ја поднеле да биде донесена до недела, ден пред почетокот на Австралија опен и ден по рочиштето.
Очигледно дека наредните два дена ќе бидат одлучувачки за депортацијата или настапот на Ѓоковиќ на Австралиај Опен.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …