На таткото му е забрането да го гледа детето бидејќи не е вакциниран

Татко од Канада, кој не бил вакциниран против Ковид 19, привремено го изгубил правото да го гледа своето 12-годишно дете. Судијата пресудил дека неговите посети „не биле во најдобар интерес на детето“.
Одлуката уследила по барањето на неговиот татко посетата да се продолжи за време на празниците.
„Оваа пресуда е прва со која на родителот му се одземаат правата поради имунизација“, изјавил експерт за семејно право за Le Devoir.
Со одлуката на судијата, донесена на крајот на минатиот месец, му се суспендирало правото на посета на таткото до февруари, освен ако не е вакциниран.
Мајката, која се спротивставила на првичното барање на таткото да ја продолжи посетата, пред судот изјавила дека неодамна открила дека тој не бил вакциниран и дека со неговите објави на социјалните мрежи јасно покажувал дека е против вакцинацијата. Мајката живее со својот партнер и уште две деца кои се премали за да се вакцинираат.
Судијата заклучил дека „не е во најдобар интерес на детето да има контакт со таткото“ поради неодамнешното зголемување на бројот на инфекции со коронавирус во Квебек.
Квебек, кој забележа најголем број на смртни случаи поврзани со Ковид 19 во Канада, најави претходно оваа недела дека ќе воведе данок за оние кои не биле вакцинирани против Ковид 19. Иако речиси 90. отсто од населението е вакцинирано, тие сочинуваат речиси една третина од сите болнички случаи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …