НАША ГОРДОСТ – Лазаров: Горд сум на момците!

Лазаров е горд но треба и секој Македонец да биде горд на претставата на нашите млади ракометари. Резултатот (27:25) и тесниот пораз од Словенија и не се толку важни колку играта што ја прикажаа нашите ракометари…
Македонија „однапред прежалена“ влезе во дуелот со Словенија, особено откако на еден час пред почетокот беше објавено дека нашиот национален тим цел шампионат ќе мора да се снаоѓа без својот главен играч, Кире Лазаров.
Сепак, она што го видовме на терен беше нешто сосема поинакво од она што го очекувавме, цврста одбрана одличен голман и „новиот клинец“ Цветан Кузманоски кој блескаше пред противничкиот гол. Грешките во нападот на крајот значеа пораз, но тоа беше плаќање на данокот на неискуство.
Да не заборавиме, Македонија и со Лазаров во тимот пред една година во Египет беше декласирана од истата оваа Словенија со „минус десет“.
„Нова ракометна Македонија“ се раѓа, а играта и карактерот на овие момци најавува дека иднината воопшто не ни е црна како што се чинеше минатиот јануари во „земјата на фараоните“.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …