(ВИДЕО) Ова се причините поради кои мажите и жените изневеруваат, тврдат психолозите

На ИНТЕРНЕТ можеме да најдеме секакви совети за состаноци, секс и врски, а кога станува збор за реалниот свет, има цели делови од книжарниците посветени токму на оваа тема. Што се однесува до стручните совети, Естер Перел е личност која има грст од нив во ракавот. Оваа експертка за односи и психолог станала позната по своите неверојатни сознанија не само за врските, туку и за човечката природа воопшто.

Социјалните разлики се важен фактор
Еден извадок од ток-шоуто од 2017. година стана вирален во последно време. Во него, Перел ги коментира теориите зад изневерувањето и причините зошто мажите и жените изневеруваат. „Пред сè, да бидеме многу јасни. Низ историјата, мажите практично имале дозвола да изневеруваат. И тие имале секакви теории што го оправдуваат тоа, како да се природни скитници, знаете“, вели Перел.


@themindhub What do you think? Comment 👉#EstherPerel #Skavlan #psychology #psychologist #relationship #relationshipadvice #therapy #love #foryoupage #fyp #fypシ ♬ Twenty One Pilots Hometown Slowed Sad Part – Blasteran MaLaikat

„Значи, ги имаме сите овие еволутивни теории и биолошки теории кои објаснуваат зошто мажите не се моногамни по природа. Додека жените се припитомени суштества. Не знаеме што би направиле жените доколку им дозволат да го сторат истото без последиците со кои се соочуваат кои се многу различни од последиците за мажите“, тврди Перел.
Она што го знаеме е дека мажите и жените лажат. Мажите лажат со претерување, фалење и надувувања, а жените лажат со негирање и минимизирање затоа што тоа се очекува од нив во културата и светот“.


Многумина се согласиле со психологот
Со повеќе од 1,5 милиони лајкови и околу 10.000 коментари, јасно е дека нејзините зборови ги погодија луѓето и отворија простор за дискусија на оваа тема. Една жена брзо се согласила со психологот, пишувајќи во коментарот: „Кога мојот поранешен изневеруваше, моето семејство ме принуди да му простам бидејќи очигледно бев премногу драматична а тој не можеше да ги контролира своите нагони“.
Во интервју за Glamour, психологот и експерт за еволуција од Харвард, професорот Дејвид Бас, рекол дека постојат разлики кога станува збор за измама заснована на општествени норми и очекувања меѓу половите. Според Бас, мажите имаат поголема веројатност да изневеруваат поради сексуалната различност, додека жените би биле склони кон афери за да најдат подобар партнер или посилна врска, пишува Women’s Health.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. најчести женски и машки фантазии: Сакаат да водат љубов на отворено, сакаат да снимаат „акција“

За сите кои бараат инспирација за подобар секс со партнерот или само се интересираат за …