Организаторите на Австралија опен најавија дека в понеделник ќе се одигра ’горната половина’ од ждрепката, во која прв носител е Новак Ѓоковиќ. Останува прашањето дали на Србинот ќе му биде дозволено да игра. А ако е така, кога точно ќе дознае за таа одлука со оглед на тоа што одлучувачкото рочиште е закажано за в недела.
Турнирот во Мелбурн ќе започне во понеделник, а првиот ден ќе игра „горната половина“ од ждрепката во двете конкуренции. Тоа значи дека на терен ќе бидат играчите кои се во костурот со првите носители Новак Ѓоковиќ и Ешли Барти.
Прашање е дали најдобриот светски тенисер воопшто ќе може да игра на првиот Грен слем, бидејќи одлуката за престојот во Австралија ќе биде донесена во недела.
Имено, Ѓоковиќ во недела треба да присуствува на одлучувачкото рочиште пред судијата О’Калахан.
Деветкратниот шампион на турнирот во Мелбурн во првото коло, доколку му биде дозволено да игра, ќе ги одмери силите со својот сонародник Миомир Кечмановиќ.
The top halves of the #AusOpen men’s and women’s singles draws will be played on Monday.
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 14, 2022
Фото: Twitter