(ФОТО) НАЈУБАВИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ Е СЛОБОДЕН – Објавија дека се разделиле: Џејсон Момоа после 17. години е повторно сам

Американскиот актер Џејсон Момоа и неговата сопруга Лиза Бонет се разведоа по пет години брак и 17 години врска.
Оваа вест актерот ја објави на својот официјален Инстаграм профил со зборовите:
„Сите го почувствувавме притисокот и промените на променливите времиња. Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок…“, напишал тој.

This image has an empty alt attribute; its file name is momoa-i-lia-bonet.jpg
Момоа понатаму истакнал дека тие раскинале, но дека љубовта меѓу нив и понатаму живее.
„Се ослободуваме еден со друг, но нашата љубов продолжува…“
Да потсетиме, парот во заедничкиот живот ги доби 14-годишната ќерка Лола и 13-годишниот син Ноко, а Лиза Бонет од петгодишниот брак со Лени Кравиќ сега има 33-годишна ќерката Зои Кравиц.



Во интервју за „Esquire“ од 2019 година, Џејсон истакна дека имал симпатии кон Лиза кога бил тинејџер.
А венчавката со Лиза ја доживеал како инспирација за многу работи во животот.
„Ако некој ми кажеше дека нешто е невозможно, јас само му одговарав: Слушај, се оженив за Лиза Бонет, се е можно“, изјавил тогаш актерот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА АЛЕК БОЛДВИН: Адвокатите бараат да се отфрлат обвинувањата за нанесување штета

АДВОКАТИТЕ на холивудскиот актер Алек Болдвин и другите продуценти на „Rust“ бараат од судот да …