Три трикови како да не ви се замаглуваат очилата додека носите маска

Кога носите очила и маска во исто време, тогаш очилата може да почнат да се замаглуваат поради кондензација. Кога издишувате додека ја носите маската, молекулите на водата во вашиот здив доаѓаат во контакт со маската. Во зависност од тоа колку е порозен материјалот, некои молекули ќе поминат, а други ќе бидат пренасочени низ најблискиот излаз. Обично е нагоре, па молекулите стигнуваат до очилата.
Очилата се поладни од воздухот под маската, па кога воздухот ќе стигне до стаклата, поради промената на температурата доаѓа до кондензација и затоа очилата се замаглени. Но, постојат некои работи што можете да ги направите за да го спречите тоа.

Маска со прилагодливи ленти за нос
Носете маска со прилагодливи ленти за нос. Такви се обичните хируршки маски. Маските со прилагодливи рамки за нос може да се прилагодат на вашето лице за подобро да се лепат и да пропуштаат помалку воздух.


Користете сапун и вода
За да спречите замаглување на очилата, измијте ги со сапун и вода. Неколку студии покажале дека ова е ефикасен метод бидејќи сапунот остава тенок слој на стаклата што го спречува замаглувањето.

Залепете ја маската за носот
Доколку претходните два методи не ви помогнат, Popsci ве советува едноставно да ја залепите маската на носот. Користете лепливи ленти кои се погодни за лицето, а не такви што можат да ја оштетат кожата.
Можете да се одлучите за хируршка лента, која не само што е безбедна за употреба на чувствителна кожа, туку е и многу отпорна. Може да користите и двострана лента која ќе се залепи и за маската и за кожата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …