По барање на студентите читалната во градската библиотека Браќа Миладиновци ќе работи 24 часа

Работното време на читалната во градската библиотека Браќа Миладиновци по барање на студентите ќе биде 24 часа. Ова беше договорено на вчерашната средба на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Ева Цветковска и Вера Палевска. Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни.

Градоначалничката Арсовска искажа недвосмислена поддршка за нивните предлози и потенцираше дека секогаш ќе биде на располагање за младите со цел реализирање на проектите од нивна корист.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Марија Апчевска, Наталија Теодосиевa и Ханис Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“

Режисерката Марија Апчевска, филмската и театарска актерка Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов …