Почина Горјан Тозија – поранешен директор на Агенцијата за филм

Утрово на 68-годишна возраст почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм. Тозија починал од пневмонија.
Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.
Главниот извршен директор на Развојна банка Кире Наумов на Фејсбук емотивно се прости од својот пријател Медо.
„Ej, ти ги знам овие фори кога ќе се исклучиш на неколку дена за да одмориш од сите. Јас ќе чекам од нигде никаде да се појавиш оцерен како ништо да не било и да се видиме. Ако не е така, чекај таму некаде и знаеш што се ќе ти се изнакажам и знам што ќе ми вратиш. Како и да е, сега одмарај Мече“ – напиша Наумов.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Марија Апчевска, Наталија Теодосиевa и Ханис Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“

Режисерката Марија Апчевска, филмската и театарска актерка Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов …