Обрнете внимание: Мали нешта што мажите никако не сакаат да ги гледаат на жените

Она што најмногу им пречи на посилните половини е прекумерната шминка и нападниот изглед на жената.
Новото научно истражување покажало дека мажите се повеќе посветуваат внимание на природниот изглед на жената.
Имено, дотерувањето е едно од омилените женски хоби. Со совршена шминка, секоја жена се чувствува попривлечно и пожелно, па не е чудно што секое вечерно излегување завршува со целни подготовки кои можат да траат со часови. Судејќи според најновите истражувања, ваквите рутини не се баш привлечни за мажите.

Нападен изглед на жената
На мажите вклучени во истражувањето им биле прикажани фотографии од жени кои се дотерувале за вечерно излегување. Покрај овие фотографии, имало неколку на кои истите тие жени имаат помалку шминка на лицето.
Задачата што ја добија кандидатите била да ја изберат фотографијата на која жената изгледа најпривлечно, а резултатите биле навистина интересни. Речиси сите мажи ја издвоиле онаа во која жената има дури 40. отсто помалку шминка на лицето од оригиналната во која била целосно нашминкана.


– Не разбирам и мислам дека никогаш нема да разберам зошто жените ставаат толку многу шминка на лицето… Не ми се допаѓа кога гледам убава жена со зацрнети очи и усни кои светат како диско топка. Навистина не ми се допаѓа кога една жена става толку многу шминка на своето лице што не можам ни да погодам како всушност изгледа – ова се само дел од коментарите на мажите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. најчести женски и машки фантазии: Сакаат да водат љубов на отворено, сакаат да снимаат „акција“

За сите кои бараат инспирација за подобар секс со партнерот или само се интересираат за …