(ВИДЕО) И испратил писмо на мајка си за време на Втората светска војна, а 76 години подоцна се случило нешто НЕВЕРОЈАТНО

Еден војник испратил писмо до својата мајка на 6. декември 1945. година, додека бил регрутиран за време на Втората светска војна, а на адресата било доставено 76. години подоцна.
– Драга мамо, денес добив уште едно писмо од тебе и среќен сум што слушнав дека се е во ред. Што се однесува до мене, добро сум. Но, што се однесува до храната, таа е главно лоша – пишувало во писмото.

Писмото патувало 76. години
По цели 76. години, писмото стигнало до сопругата на Џон, Анџелина. Писмото е препратено од поштата во Питсбург, а е упатено до мајката на војникот, која исто така се викала Анџелина, но таа одамна починала.
Џон минал три години во војска, а починал во 2015. Во брак со сопругата поминал 61. година. Таа открила дека го запознала Џон во 1951. година и била целосно шокирана кога го добила неговото писмо од пред осум децении.


– Не ми се верува. Неговиот ракопис и сè, неверојатно. Ова е како поздрав од небото – воодушевено коментирала вдовицата на војникот за „Вашингтон пост“.


Фотѕо: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за петок, 28.01.2022: Нема потреба да се плашите од вистината или да ги потиснувате своите желби во друштво на блиска личност…

Овен Љубов: Во средбата со саканата личност, покажете искрени намери, разбудете некои „заспани“ желби и …