*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Дали некој ќе влезе во љубовна врска иако веќе има партнер зависи од многу фактори. На некои луѓе им треба авантура, други се незадоволни од врската што ја имаат, а трети се опуштаат и го решаваат стресот.
И’ додека на некои ниту на сон на им паѓа да изневеруваат, има и такви кои го прават тоа секој ден и тоа без грижа на совест.
Ако им се верува на астролозите, ова се двата најневерни хороскопски знаци.
Овен
Иако Овните често се верни партнери, комуникацијата им е многу важна. Доколку забележат дека овде работите не функционираат најдобро, како и дека саканиот нешто крие од нив, тогаш тргнуваат во напад и бараат жртва која ќе им надомести за она што им недостига во врската. Не сакаат стагнација, уживаат во промените, а истото го очекуваат и од партнерите. Кога Овенот тргнува во авантура, тоа е повеќе поради некој внатрешен конфликт отколку од желба да го повредите. Иако ова не е правило кое важи за секого, едно е сигурно: на Овенот му требаат партнери кои можат да го следат нивното темпо.