(ВИДЕО) Рецепт за едноставен и фантастичен ручек за МАЛКУ ПАРИ

Кога еднаш ќе пробате ваков ручек, постојано ќе го подготвувате.
Денеска во кујната на баба се подготвува фантастичен и лесен, но едноставен и многу вкусен ручек.
Состојки:
– 300 грама тестенини
– 200 грама спанаќ
– 200 мл јогурт
– 300 мл млеко
– 2-4 јајца
– 50 грама кашкавал
– 50 грама сирење
– 50 мл маслиново масло
– сол, бибер, лук во гранули
Подготовка:
За почеток, сварете ги тестенините. Намачкајте со масло тавче 30х20, па во тавчето истурете ги тестенините и распоредете.
Во сад се матат јајцата, се додава маслото, јогуртот, млекото, една лажица рендан кашкавал. Додадете сол и бибер. Додадете гранули од лук и спанаќот исечен на ленти. Измешајте сè.
Одозгора издробете коцка бело сирење и изрендајте малку од кашкавалот. Се пече во рерна околу 45 минути на 220 степени.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепти) ЗЛАТНА ТРОЈКА за долговечност: Мед, цимет и вода за зачувување на здравјето на ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ – Ќе се ШОКИРАТЕ што се’ лекува!

Комбинацијата на мед и цимет е особено важна за проблемите со срцето, и се препорачува …