(ФОТО) Ѕвездата на „Малком во средината“ отворено: „Имав осум мозочни удари, не се сеќавам на серијата!“

АКТЕРОТ Френки Муниз, најпознат по улогата во телевизискиот ситком „Malcolm in the Middle“, во интервју зборувал за своето здравје и гласините што го придружуваат.
Муниз бил гостин во подкастот на Steve-O’s Wild Ride! каде што рекол дека кружат голем број неточни информации за неговата здравствена состојба.
„Ако го пребарувате моето име, ќе најдете само приказни за тоа како го изгубив сеќавањето или умрев од срцев удар“, рекол тој.

View this post on Instagram

A post shared by Frankie Muniz (@frankiemuniz4)


Тој рекол дека со години се занимавал со спорт и трки и дека во периодот од 2012. до 2013. година имал дури 8 мозочни удари. Тој додал дека му пречат честите погрешни толкувања на неговото здравје бидејќи всушност има само мигрена како последица на се што му се случило.
Тој се осврна и на проблемите со меморијата.
“Со текот на годините често мислев зошто меморијата ми е полоша. Единствената логична причина се потресите на мозокот. Но, кој може да се сети на секој детал во животот? Никој, дури ни јас”, изјавил Муниз.


Тој исто така рекол дека понекогаш гледа неколку епизоди од серијата „Malcolm in the Middle“, но признал дека не се сеќава на повеќето работи од тој период.
Како да не сум јас на телевизија и тоа малку ме растажува“, заклучил актерот.

Муниз стана татко минатата година и доби дете со сопругата Пејџ Прајс, со која се ожени во февруари 2020 година по четиригодишна врска.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …