(ФОТО) Оженет е, има три деца и сака да носи здолништа и штикли!

И’ децата и сопругата го издржуваат, а сопругата му помага да смисли комбинации.

View this post on Instagram

A post shared by Mark Bryan (@markbryan911)


Марк Брајан (61), инженер по роботика и оженет татко на три деца, стана хит на социјалните мрежи благодарение на својот необичен моден избор.
Обожава да носи здолништа и штикли. Тој пред четири години почнал радикално да ја менува гардеробата, па сега штиклите и здолништата се дел од неговите секојдневни модни комбинации:
„Отсекогаш им се восхитував на жените кои носеа тесни здолништа и потпетици – не сексуално, но се восхитував на моќта што ја претставуваат. За мене облеката нема пол“, изјавил тој за веб-страницата Bored Panda.


View this post on Instagram

A post shared by Mark Bryan (@markbryan911)

Повеќе преферира здолништа од фустани бидејќи, како што вели за Bright Side, здолништата му дозволуваат да комбинира неколку парчиња – може да биде „мажествено“ облечен над половината, а родово неутрален под половината. Кога првпат разговарал со децата за својата облека, се обидел да им објасни дека нема ништо сексуално во неговото облекување и дека не се работи за тоа дека нивниот татко е геј, вели тој.

View this post on Instagram

A post shared by Mark Bryan (@markbryan911)

Понекогаш наидува на негативни коментари и комбинации, но не обрнува внимание на тоа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …