Најдобра храна ако имате симптоми на омикрон

Што да јадете кога немате апетит, а во исто време многу ве боли грлото и ви е тешко да голтнете и голтка вода? Ако, како и многумина деновиве, сте цел на омикрон, важно е да знаете како да го зајакнете телото – овие намирници можеби нема да ги избришат симптомите за миг, но ќе му помогнат на вашето тело да ги добие хранливите материи што му се потребни за борба против вирусот.
„Луѓето кои имаат омикрон немаат апетит“, вели Роберт Г. Лахита, директор на Здравствениот институт за автоимуни и ревматски болести Сент Џозеф и автор на книгата „Јак имунитет“.
„Со омикрон ве боли грлото како да имате стрептококна инфекција. Дури и голтањето течности е болно“.
Затоа д-р Лахита за Eat this дава листа на намирници кои лесно би можеле да ги консумирате во тој период, а на вашето тело ќе му ги обезбеди потребните состојки.

Јогурт
Една од најдобрите намирници што можете да ги јадете ако имате омикрон е јогуртот. Мек е, ладен и добар за грлото, а полн е со протеини. Можете да додадете и ситно сечкана банана бидејќи е полна со калиум.


Сладолед
Иако звучи неконвенционално, сладоледот ви го лади грлото и лесно се голта, а ќе ве засити. „Сладоледот содржи гликоза и протеини, така што нема да ослабете многу ако немате апетит“, вели Лахита.

This image has an empty alt attribute; its file name is zdrava-supa.jpg


Пијалоци со електролити
„Течноста е важна и секогаш е добро да се види дека содржи електролити, особено ако вашите симптоми се повраќање и/или дијареа. Ако ги пиете овие пијалоци и со тие симптоми, одржувате нормално ниво на калиум и натриум во телото“, вели Лахита.

Супи
Супите го спасуваат грлото, а исто така се полни со електролити. Доколку имате апетит, добро е да јадете супа со некој извор на протеини и зеленчук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осум здравствени придобивки од ПРЕСТОЈ ВО ТИШИНА: Најдете време за себе

Општо познато е дека бучавата не влијае добро на луѓето, но што е со тишината? …