Војвотката од Кембриџ вчера го прослави својот 40-ти роденден објавувајќи прекрасни фотографии на кои е облечена во фустани на Александар Меквин.
Сликите на Паоло Роверси се инспирирани од кралски портрети од минатото. Кејт го прослави својот 40-ти роденден приватно и дома со сопругот принцот Вилијам (39) и нивните три деца Џорџ (8), шестгодишната Шарлот и тригодишниот Луис.
Но, таа објави три фотографии на кои јавно им оддава почит на кралицата Елизабета Втора и кралицата Викторија.
View this post on Instagram
Кралската страна на личноста
Се вели дека Кејт – која студирала историја на уметност на универзитет и курирала уметничка изложба од 19 век – го избрала Италијанецот Роверси затоа што се восхитувала на неговиот стил на фотографија. Портретите се направени во Kew Gardens во ноември.
Роверси рекол дека е „трогнат од нејзината топлина и пријателското добредојде и бил маѓепсан од нејзините светли очи кои ја рефлектираат убавината на нејзината душа“.
View this post on Instagram
За инспирација, за време на снимањето, биле прегледани старите фотографии на кралицата Елизабета и Викторија. На две црно-бели фотографии, Кејт носи обетки од колекцијата на принцезата Дијана.
View this post on Instagram