Прескокнувањето на појадокот е штетно за здравјето и витката линија

Британските научници дошле до заклучок, со скенирање на мозокот на луѓето кои го „прескокнуваат“ појадокот, дека лицата кои не појадуваат подоцна во текот на денот, бараат помрсна, покалорична храна.
Студијата на 21. лице заклучила дека мозокот повеќе го привлекува храната ако се прескокне појадокот и дека овие луѓе потоа јадат повеќе за ручек.
Научниците предупредуваат дека прескокнувањето на оброците им отежнува на децата бидејќи луѓето секогаш бараат – и земаат – повеќе калорична храна, а нутриционистите тврдат дека појадокот е важен во диетите бидејќи го ублажува апетитот во текот на денот.
На испитаниците кои сите имале нормална тежина во два наврати им покажале фотографии од висококалорична храна – кога појадувале и кога го прескокнувале појадокот. Резултатите од магнетната резонанца покажале дека мозокот бил „понаклонет“ кон висококалорична храна во денот кога не појадувале.

This image has an empty alt attribute; its file name is omlet-dorucek-1024x686.jpeg


Гладувањето ги прави луѓето погладни
Кога на испитаниците им бил понуден ручек, на денот кога го прескокнале појадокот, испитаниците јаделе една петтина повеќе калории од вообичаеното. Тони Голдсон од Империјал колеџот во Лондон рекол дека студијата покажала дека „гладувањето ги прави луѓето погладни и ја зголемува заводливоста на калорична храна и влијае на количината на храната која ќе се изеде“.
Нутриционистката Кетрин Хенки од Универзитетот во Глазгов рекла дека истражувањето покажало дека појадокот „го намалува апетитот“, бидејќи го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Научниците најавиле дека ќе спроведат слична студија меѓу дебели субјекти, за да видат дали нивниот мозок реагира слично.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …