Нова студија: Како замастениот црн дроб е поврзан со дијабетес тип 2

Британските научници ги откриле клучните генетски причини за дијабетес тип 2, заклучувајќи дека ризикот од добивање на болеста е всушност во нашата ДНК. Значајните истражувања покажале дека постојат две групи на гени кои го зголемуваат ризикот од развој на болеста.

Луѓето кои се повеќе склони кон таложење на маснотии во црниот дроб биле изложени на поголем ризик.


За секои пет проценти зголемување на мастите во црниот дроб, ризикот од дијабетес тип 2 се зголемува за 27. проценти. Студијата исто така покажала дека гените поврзани со помалиот панкреас го зголемуваат ризикот од развој на оваа состојба.

Оваа студија, која ги анализирала податоците и наодите од снимката со магнетна резонанца од 32.859 луѓе во Велика Британија, прво открила дека состојбата е вградена во нашата ДНК.
Овие резултати, објавени во списанието Diabetes Care, би можеле да доведат до поприспособени начини за намалување на ризикот од дијабетес кај луѓето со гени поврзани со високо ниво на масти во црниот дроб и помал панкреас.


This image has an empty alt attribute; its file name is dijabetes-tip-2-pak.jpg

Резултатите од студијата ќе помогнат во превенцијата и лекувањето
Водечкиот автор д-р Хани Јагуткар од Универзитетот Брунел во Западен Лондон рекол дека „луѓето со дијабетес тип 2 обично имаат вишок маснотии во црниот дроб и панкреасот, два клучни органи за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта. Генетската анализа што ја користевме е најдобриот можен метод за тестирање на оваа врска и обезбедивме докази за причинската улога на замастен црн дроб во ризикот од дијабетес тип 2. Нашите резултати поттикнуваат подобар третман на оние кои живеат со заболување на замастен црн дроб.
Докторот додал дека оваа студија покажала дека луѓето со гени кои имаат поголема веројатност дека ќе имаат помал панкреас имаат поголем ризик од дијабетес тип 2.
„Се надеваме дека со подобро карактеризирање на мастите во различни органи и различни големини на органи во иднина, ќе можеме да обезбедиме подобро разбирање на механизмите кои предизвикуваат дијабетес тип 2“, рекол докторот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …