Навики во исхраната кои го зајакнуваат срцето по 50-тата година од животот

Да се ​​има силно срце во педесеттите е клучно, особено затоа што тој витален орган поминува низ големи промени како што стареете. Вашето срце е мускул, што значи дека природно слабее со текот на времето. Исхраната може да ви помогне да го забавите тоа.
Постојат одредени намирници и навики во исхраната кои можат да ви помогнат да го одржите здравјето на срцето, пишува Eat this.

Избегнувајте газирани пијалоци
Според Арики Хошајт, нутриционист, газираните пијалоци, вклучително и „диеталните“, како и сите други вештачки засладени пијалоци, се контрапродуктивни кога станува збор за здравјето на срцето.
Некои луѓе можеби мислат дека префрлањето на диетални верзии на газирани пијалоци им помага да ослабат и да заштедат калории, но важно е да се знае дека газираните сокови може сериозно да го оштетат здравјето на вашето срце.
„Вештачки засладените пијалоци се поврзани со зголемен ризик од кардиометаболни заболувања, а една студија дури покажува дека секојдневното консумирање диетални пијалоци може да предизвика 36. отсто поголем ризик од метаболички синдром и 67. отсто поголем ризик од дијабетес тип 2“, вели Хошајт.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is ovosje-1024x575.jpg

Повеќе зеленчук и овошје
Јадењето доволно овошје и зеленчук може да помогне при многу различни здравствени проблеми, како и да го намали ризикот од многу болести. А кога станува збор за здравјето на срцето, ова е важна навика што треба да се усвои.
„Соединенијата од зеленчук и овошје кои ги штитат растенијата од нивните природни непријатели, пак, нè штитат од нашите – како што се срцевите болести, дијабетесот, ракот и оштетувањето на мозокот“, вели Џуди Барбе, нутриционистка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …