Филмот и Холивуд: Почина режисерот Петер Богдановиќ – креаторот на „Последната кино претстава“

Доживеа уште еден успех со филмот „Зошто тато те остава сама?“, романтична комедија со Барбра Стрејсенд и Рајан О’Нил.
Филмот заработи 66. милиони долари, со што стана трет најпрофитабилен филм во 1972. година, веднаш по „Кум“ и „Авантурите на Посејдон“.
Овие успеси дополнително го зајакнаа неговиот статус на новата генерација режисери, а со Френсис Форд Копола и Вилијам Фридкин основаше продукциска куќа (Director’s Company).

Тоа беше уметничкиот оддел на Парамаунт, каде на уметниците им беше дадена целосна слобода во ограничен буџет.
Во компанијата е снимен и „Месечина од хартија“ (1973).
Тејтум О’Нил, ќерката на Рајан О’Нил, доби Оскар за најдобра споредна женска улога. Филмот постигна голем успех на бокс офисот.
По пауза од 13. години, тој се врати во 2014. година со She’s Funny that Way со Овен Вилсон и Имоген Пуц во главните улоги.



Тоа беше „прослава на стариот Холивуд“, напишал тогаш Николас Барбер, новинар на BBC Culture.
Зад Богдановиќ остана две деца.
Френсис Форд Копола, режисер на еден од најпопуларните филмови на сите времиња – „Кум“ изјави дека е крајно тажен од веста за смртта на Богдановиќ.
„Нека спие вечно во блаженство, вечно уживајќи во возбудата на нашиот аплауз“, рекол тој.
Гилермо дел Торо, режисерот на „Лавиринтот на Пан“, напиша на Твитер: „Тој беше драг пријател и шампион на кинематографијата… Тој интервјуираше и ги зачуваше животите и делото на повеќе класични филмаџии од речиси сите други во неговата генерација“.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Скопскиот бенд Fiction со нов сингл насловен „Брои до 3″

Скопскиот бенд Fiction го ојбави новиот сингл насловен како „Брои до 3″. Песната е создадена …