КОРОНА вирусот повторно се разгорува, па идеално време е да го зајакнете ТЕЛОТО со употреба на ЃУМБИР

Чај од свеж ѓумбир
Домашниот чај од ѓумбир е еден од најдобрите лекови за настинка, грип, болки во грлото и за ублажување на варењето. Чајот има многу смирувачко дејство, помага за подобра циркулација и е многу корисен како обичен зимски напиток.
Изрендајте свеж ѓумбир, а потоа од таа смеса исцедете една лажичка сок од ѓумбир. Истурете во чаша од 250 милилитри па сокот полијте го со зовриена вода. Ако вкусот на чајот е премногу силен, додадете уште малку вода или засладете го со мед.

This image has an empty alt attribute; its file name is gjumbir-caj-1024x683.jpg


Чај од ѓумбир и коријандер
Со додавање на моќта на коријандерот се добива добитна комбинација во борбата против грипот. Заедно, коријандерот и ѓумбирот се сметаат за една од подобрите комбинации за борба против настинки. Чајот може да се пие превентивно во студените денови, но се препорачува како напиток во моментот на првите симптоми на настинка и грип.
Освен што делува на грлото и го намалува воспалението, многу е корисен бидејќи ја намалува и болката во мускулите која е несакан ефект, еден од првите симптоми на грип. Иако ефектот на коријандерот го лади телото, во комбинација со моќната моќ на ѓумбирот, тој обезбедува избалансирана топлина. На тој начин со спојување на два зачини со спротивни ефекти се добива моќна комбинација која е поволна за сите инфекции.
Подгответе половина шолја семки од коријандер, па добро измијте ги. Излупете го ѓумбирот и исечете го на три кришки. Содржината прелијте ја со 750 милилитри вода, па оставете сè да зоврие и варете додека не испари една третина од водата. Кога чајот ќе се исцеди, се пие топол полека, во мали голтки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ДЕЗЕН НА АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ – Џорџина предизвикала дебата поради овој фустан: „Кардашијанка барем ги троши своите пари, а не на Роналдо“

И’ додека Кристијано Роналдо моментално минува низ најтурбулентниот период во кариерата, поради кој неодамна се …