(ВИДЕО) TikTok трик за чистење на рерната со три состојки и без напор

Ако вашата рерна треба да се чисти, но ви здодеа да поминувате часови во триење, една мајка открила трик како да ја чистите рерната без напор додека спиете, објави Metro.
На нејзиниот профил на TikTok таа објавила видео во кое објаснува како да ја исчистите рерната со три состојки кои секој ги има дома – сода бикарбона, вода и детергент за садови.
Се’ што треба да направите е да измешате половина шолја сода бикарбона, една лажица детергент и вода во еден сад.
Потоа оваа смеса нанесете ја на ѕидовите од рерната и оставете да делува преку ноќ.

@mama_mila_ Oven cleaning made easy ✨ follow for more home tips and tricks ✨ #cleaningtiktok #cleaninghacks #homehacks #homerefresh #cleaningtips ♬ I’m So Pretty – chunkymonkeeyy


Следното утро само земете крпа и избришете ја рерната, за да ја извадите целата смеса.
Откако ќе ја отстраните, можете да ја избришете рерната со алкохолен оцет како дополнителен начин на чистење.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …