Нутриционистка: Овие шест најздрави намирници би требало веднаш да почнете да ги јадете

ПОЧЕТОКОТ на новата година е вистинско време за нови одлуки и промени во постоечките навики. Без разлика дали ќе одлучите да посветите повеќе време на вежбање, повеќе спиење или да правите повеќе чекори дневно, исхраната е дел што не треба да го испуштите.
Нутриционистката Ким Роуз затоа составила листа на најздравите намирници за Eat This која веднаш треба да ја вклучите на вашето мени.

Грав
Гравот се смета за една од најздравите намирници. Богат е со растителни влакна, па помага во намалување на холестеролот, го одржува нивото на шеќер во крвта и го промовира здравјето на дигестивниот систем.
Жителите на таканаречените Сини зони, најдолговечните делови на светот, јадат шолја грав дневно.


Ленено семе
Ленените семиња се познати по својата суперхрана бидејќи се полни со омега-3 масни киселини. Тие го намалуваат холестеролот и го поддржуваат здравјето на мозокот и срцето.

This image has an empty alt attribute; its file name is jajca-peceni-vo-sunka-1024x768.jpg


Јајца
Тие се богати со протеини и се победничка намирница во секое време од денот. Јајцата може да се јадат за појадок, ручек и вечера, а се подготвуваат на сто начини.
Имаше многу дискусии во текот на годините за здравствените придобивки од јајцата, но експертите на крајот заклучија дека тие се всушност многу корисни бидејќи обезбедуваат микронутриенти, корисни антиоксиданси и помагаат во намалување на хипертензијата, вели Роуз.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто мажите ја губат главата поради жените со облини?

Сите знаат дека мажите сакаат жени со облини, но зошто? Има ли друг одговор на …