Што се случува во телото ако пешачите по половина час секој ден

Подобрување на варењето
Половина час пешачење дневно не само што го намалува ризикот од развој на рак на дебелото црево, туку и го подобрува варењето.

Зајакнување на мускулите
Десет илјади чекори дневно можат да бидат исто толку ефективни како и напорниот тренинг во теретана, особено ако вклучите прошетка по угорнина. Брзото одење е најефикасно затоа што после тоа нема да чувствувате болки во мускулите, но внимавајте тоа да не се претвори во трчање.


Зајакнување на коските и зглобовите
Одењето може да ја зголеми флексибилноста на зглобовите, да спречи намалување на густината на коските и да го намали ризикот од фрактури. Се препорачува најмалку 30 минути дневно за да се избегнат болки во зглобовите и воспаление.

This image has an empty alt attribute; its file name is odenje-3.jpg


Намалување на болки во грбот
Ако чувствувате болки во грбот, пешачењето е лек за вас. Бидејќи не е напорно, нема да предизвика дополнителна болка во грбот. Одење ја подобрува циркулацијата, што е погодно за подобро здравје на ‘рбетот.

Смирување на умот
Резултатите од студијата на 50. луѓе кои страдаат од депресија покажала дека пешачењето од 30. до 45. минути дневно значително ја подобрува нивната состојба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …