Што се случува во телото ако пешачите по половина час секој ден

Античкиот грчки лекар Хипократ го сметал одењето за „најдобар лек за човекот“. Бесплатно е, едноставно, не бара дополнителни трошоци и носи придобивки не само за вашето физичко, туку и ментално здравје.

Зајакнување на мозокот
Студијата спроведена на Универзитетот во Канзас покажала дека лесните аеробни вежби, како што е одење, го спречуваат раниот почеток на деменција и го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест, која погодува 35. милиони луѓе ширум светот. Лекарите предвидуваат дека тој број ќе се удвои во следните 20. години.
Луѓето кои се физички активни се помалку склони кон оваа болест од оние кои многу седат. Причината за тоа е поголемиот волумен во хипокампусот, делот од мозокот одговорен за меморија и учење.


Подобрување на видот
Пешачењето е успешен лек за глауком бидејќи го намалува интраокуларниот притисок. Вежбањето го зајакнува делот од мозокот кој ги обработува сликите што ги добива од очите.

This image has an empty alt attribute; its file name is odenje-2.jpg


Превенција на срцеви заболувања
Според Американското здружение за срце, одењето е подеднакво ефикасно кога станува збор за спречување на срцеви заболувања. Го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол и ја подобрува циркулацијата.

Зголемен волумен на белите дробови
Пешачењето е аеробна активност, што значи дека го зголемува нивото на кислород во крвта и помага да се елиминираат токсините. Поради подлабоко дишење, некои симптоми поврзани со белодробна болест може да се ублажат.

Обнова на панкреасот
Пешачењето е поефикасно од трчањето кога станува збор за превенција од дијабетес, покажала студија на Универзитетот Дјук. А поефикасното користење на шеќерот во крвта му овозможува на вашиот панкреас да произведува помалку инсулин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што им е на мажите најпривлечно кај жените, а не е изгледот

Интересно истражување покажало дека еден фактор може да „прави чуда“ доколку сакате да заведете момче. …