(ФОТО) НЕЈЗИНА ПРИКАЗНА – „Во најлошите денови на анорексија, не сакав ниту вода да пијам“

Џејд Рајт-Гај имала 15. години кога почнала да се бори со нарушување во исхраната. Бидејќи состојбата и се влошувала, таа избегнувала дружење поради анорексија и одбивала да пие вода. Таа сега има 26. години и има мисија да ги едуцира луѓето за оваа опасна болест.
„Се чувствувам како да ми недостигаше цел живот. Бев во постојана состојба на преживување и не уживав во животот“, изјавила Џејд за Daily Mail.
Таа била предвремено бебе, па секогаш била мала и слаба, но нејзиното нарушување започнало откако еден од членовите на семејството за малку ќе умрел.
„Се сеќавам дека бев толку под стрес што не можев да јадам и се чувствував како да не можам да контролирам ништо што се случува“, рекла таа.

За време на летниот одмор состојбата и се влошила бидејќи многу време поминувала сама.
„Тоа беше ‘совршена бура’ за развој на нарушувања во исхраната – често бев сама. Со текот на времето, почнав да не јадам оброци“, рекла таа.



Џејд била примена во болница на 26. јануари 2012. година, откако изгубила 10. килограми и имала екстремно низок крвен притисок и шеќер во крвта. Била хоспитализирана повеќе од 20. пати и често се чувствувала премногу лошо за да ја напушти куќата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепти) ЗЛАТНА ТРОЈКА за долговечност: Мед, цимет и вода за зачувување на здравјето на ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ – Ќе се ШОКИРАТЕ што се’ лекува!

Комбинацијата на мед и цимет е особено важна за проблемите со срцето, и се препорачува …