(ФОТО) Од Безос, преку Дуа Липа, до Тајсон: Богатите и славните се собрале на мал карипски остров

Сент Барт, карипски остров на француска територија, од 24. квадратни километри, е хит дестинација на сопствениците на јахти, милијардери и светски ѕвезди за овогодинешниот зимски одмор.
Во близина на главниот град и главното пристаниште Густавија, многу суперјахти на ексклузивниот клуб на богати се закотвени покрај брегот, што ги ослободува нивните сопственици, од обврската да се регистрираат и да плаќаат даноци.
Доминира јахтата „Eclipse“ во сопственост на Роман Абрамовиќ, вредна 700. милиони долари, а до неа е закотвена „Le Grand Bleu“, јахта вредна 150. милиони долари. И’ таа јахта му припаѓала на Абрамовиќ, пред да ја продаде на својот најдобар пријател и деловен партнер Евгени Швидлер во 2006. година.

This image has an empty alt attribute; its file name is jahti.jpg


Два брода во сопственост на основачот на социјалната мрежа „WhatsApp“ Јан Кум, бродот „Moonrise“ вреден 220. милиони долари и сестринскиот брод „Power Play“ вреден 20. милиони долари моментално се закотвени покрај брегот на Сент Барт.
Последниве денови на плажите на Сент Барт се забележани голем број светски познати имиња. Овој зимски одмор го помина и основачот на Amazon, Џеф Безос.
Вториот најбогат човек на светот не пристигнал со суперјахта, туку тој и неговата девојка Лоран Санчез уживале во изнајмена јахта, поточно на еден вид на душек врзан за јахта на кој парот разменувал нежности.

View this post on Instagram

A post shared by RUMOR BUS (@rumorbus)


Доаѓањето на други познати имиња на овој остров делумно се должи на хуманитарната ревија на миланската модна куќа LuisaViaRoma во корист на УНИЦЕФ.
На настанот во средата вечер настапи англиската пејачка Дуа Липа. Времето на Карибите го искористила и за сончање, со што се пофалила и на својот Инстаграм.


View this post on Instagram

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …