(ВИДЕО) ОДГОВОРНОСТ – КАРАНТИН НА 10.000 МЕТРИ: Открила дека е позитивна за корона и поминала четири часа затворена во тоалет за да ги заштити другите!

Американката ја замолила стјуардесата да ја заклучи во тоалетот на 4. часа откако била тестирана за време на трансатлантскиот лет.
Наставничка од Чикаго морала да се изолира во тоалетот на авионот и да помине четири часа летајќи во него, откако брзиот тест за коронавирус, кој го направила за време на летот, се покажал позитивен.
Мариса Фотиео минатата недела летала за Швајцарија на одмор, кога ненадејно ја заболела грлото некаде над Атлантскиот Океан.
Наставничката сериозно ги сфатила упатствата за патување за време на пандемијата и зела со себе неколку комплети за брзи тестови. Жената отишла во тоалет и за неколку секунди дознала дека има Ковид 19, пишува РТ.
Фотиео брзо ја известила стјуардесата, која утврдила дека нема доволно празни места во авионот за правилно да ја изолираат. Плашејќи се дека ќе ги зарази другите патници, наставничката потоа решила „да остане во тоалетот до крајот на лето“ до Исланд.
„Не можам да верувам дека поминав четири часа во тој тоалет, но не е тешко“, рекла Фотиео, која објавила видео од авионскиот тоалет на социјалните мрежи, опишувајќи го како „ВИП карантински простор“. Наставничката на видеото носи три маски и не изгледа вознемирена што и бил уништен одморот.
Откако авионот слетал во Рејкјавик, жената била сместена во хотел на изолација. Таа подоцна им кажала на своите сопатници дека се чувствува добро и дека планира да замине за неколку дена.
Нејзиниот татко и брат, кои биле на истиот лет, биле негативни на вирусот и можеле да го продолжат своето патување за Швајцарија.

@marisaefotieo


Shout out to @Icelandair for my VIP quarantine quarters.. #luxuryliving #imsolucky #covid #vaccinated #fyp #viralvideotiktok #quarantine

♬ I’m So Lucky Lucky – Grandzz


Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за недела, 04.12.2022: Недоразбирањата кои ве придружуваат не се безначајни, но не се тема која треба упорно да се повторува…

Овен Љубов: Обрнувате премногу внимание на некои споредни настани кои дополнително ве оддалечуваат од вашата …