Приказна од градот во строга блокада; „Никој повеќе не смее да излезе од дома“

Хрватската актерка Витомира Лончар го сподели својот статус на Фејсбук, во кој детално опишува како изгледа животот во еден кинески град за време на строга блокада.
Таа живее во градот Ксиан, кој има речиси 13. милиони жители и моментално е во строг карантин. Вториот круг на тестирање открил 127 нови случаи на инфекција со коронавирус.
„Малку новости од нашиот регион. Никој не смее да излезе од дома, освен на тестирање кое е добро организирано. Нема чекање. Во тек е нов круг, мене ми е 12-ти тест од 12. декември, а цел град е во 6. рунда, што значи секој пат по 13 милиони жители“, ја започнала ВитомираЛончар својата објава на Фејсбук.

Тестирањето е бесплатно, а кругот завршува за 24. часа Само што добивме две известувања: 1. Од нашиот „двор“ известија дека секое семејство од градот ќе добие по 20. килограми храна (зеленчук, месо, овошје, јајца, ориз , зејтин, брашно) и доставата оди до вратата од станот. Од нашиот факултет нè известија дека добиваме пакет во кој е се за куќата, се разбира и храна. Секако, и тоа е бесплатно“, објаснила таа.
„Ние едноставно сме заедно, но кога ќе видите како се води сметка за луѓето, а ги нема малку, тогаш е сепак полесно. Температурите ноќе одат до минус 10, но тимот си ја врши работата. Не верувајте во се што пишуваат нашите весници“, додала таа.
Луѓето во своите коментари и пишувале дека се чини дека во тој кинески град се е организирано и дека се импресионирани од работата и дисциплината, а други пишувале дека таквите мерки им изгледаат претерани.


Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за недела, 04.12.2022: Недоразбирањата кои ве придружуваат не се безначајни, но не се тема која треба упорно да се повторува…

Овен Љубов: Обрнувате премногу внимание на некои споредни настани кои дополнително ве оддалечуваат од вашата …