ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ПРЕТХОДНИОТ ДЕН: Нов рекорден број новозаразени во Грција – 21.657

Во Грција во изминатите 24/ часа е поставен нов дневен рекорд од 21.657 лица заразени со Ковид-19, што е повеќе од двојно во однос на претходниот ден.
– Преовладува сојот Омикрон на коронавирус, затоа треба да бидеме подготвени, овие бројки да не предизвикуваат паника – изјавил грчкиот министер за здравство Танос Плеврис за ТВ ЕРТ.
Земјата пријавила 9.284 случаи во понеделникот, кога грчката влада објави дека од 3-ти до 16-ти јануари ќе бидат воведени построги мерки против ковид за борба против инфекциите, главно насочени кон ноќните клубови. Во земјава се забранети и сите прослави на божиќните и новогодишните празници на јавни места, а воведено е и задолжително носење маски на отворено.
Грција, која го преживеа првиот бран на пандемијата минатата година во релативно подобра состојба од некои други европски земји, во последните недели се бори со зголемување на бројот на инфекции, што го оптоварува нејзиниот здравствен систем.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, во земјава се регистрирани вкупно 1.105.885 новозаразени лица, а бројот на починати е 20.557.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Автоном: И после 200. години мнозина болни добија здравје од светите мошти

Православните христијани денес ги слават Светиот свештеномаченик Автоном, Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари, Светиот …