(Рецепт) Здрав пијалок кој го чисти телото од токсини и го намалува крвниот притисок

Водата со краставица е здрава и ароматична замена за сите пијалоци кои вообичаено ги консумирате, а исто така е одличен начин да се ослободите од вишокот килограми.
Водата со краставица е омилен пијалок на манекенките, но и на сите оние кои се грижат за здрав начин на живот и сакаат да го исчистат телото од токсини.
Со оглед на тоа што краставиците се извор на силициум, овој пијалок го користат и спортистите, бидејќи помага за обнова на мускулите и ткивата. Благодарение на калиумот, краставицата е квалитетна алкализирачка храна која ќе помогне во намалувањето на крвниот притисок.
Рецепт за вода со краставици:
Состојки:
• 2 литри вода
• 1 голема краставица
Подготовка:
Краставицата убаво измијте ја, отстранете ги краевите и исечете ја на потенки кришки, но со кора. Во водата ставете парчиња краставица и кратко изладете ја во фрижидер.
Забелешка:
На овој вкусен пијалок по желба можете да додадете кришки лимон или лимета или некое друго сезонско овошје.
Покрај детоксикацијата, овој напиток, богат со витамини А и Ц, ќе ја исчисти вашата кожа од акни, ќе и даде сјај и ќе помогне во ублажување на брчките.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како јас и дечко ми целосно ја трансформиравме цела куќа за 10.000 евра – Промена од под до плафон

Старата трошна куќа од 19 век добила нов изглед, во скандинавски стил. Имено, Хана Хемсберген …