DCIM101MEDIADJI_0775.JPG

(ФОТО) ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА AРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2021 ГОДИНА ДОДЕЛЕНА ЗА ОБЈЕКТОТ “ГРАДИНКА ВО ВОЛКОВО“

Големата годишна награда за архитектура на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ), беше доделена вчера (24.12.2021), во Музеј на Град Скопје. Наградата е под покровителство на Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, а дел од фондот го обезбедува и Македонската Авторска Агенција.

За 2021 година добитник на годишната награда е архитектонскиот тим за објектот „Градинка во Волково“. Автор на идејното решение е архитектот Филип Конески, додека во разработката на основниот проект учествуваа м-р Даница Спасевска и м-р Анета Мартулкова.


This image has an empty alt attribute; its file name is AAM_Golema-Godisna-Nagrada-2021_2.jpg

На доделувањето на наградата, Претседателот Стево Пендаровски нагласи дека „како заедница сме обврзани да придонесеме за творечката слобода и за професионалниот интегритет на македонските архитекти и да овозможиме архитектурата да ја исполнува својата примарна цел, да го облагородува просторот, но и нашите животи“.


This image has an empty alt attribute; its file name is AAM_Golema-Godisna-Nagrada-2021.jpg

„Несомнено секој архитект се соочува со предизвикот да направи дело коешто ќе му пркоси на забот на времето и ќе ја има во себе претпоставката дека е градба по мерка на човекот. Македонските архитекти често се соочуваат и со дополнителни предизвици – со барањата на инвеститорите, со апетитите на урбаната мафија или, како што имавме ситуација во време на едноумието, а и до пред некоја година, да треба да задоволуваат небулозни идеолошко-политички барања. Згора на тоа, ја имаат и природната обврска да ја чуваат и усовршуваат македонската традиционална архитектура“, изјави Претседателот Пендаровски при доделувањето на наградата.


This image has an empty alt attribute; its file name is AAM_Godisna-Nagrada_Gradinka-Volkovo_2.jpg

Наградениот објект е лоциран на маргините на Волково, на возвишување, од каде се отвора поглед кон населбата и градот. Градинката е во завршна прва фаза, додека во втората фаза во иднина, се планира изведба на кровна градина.

This image has an empty alt attribute; its file name is AAM_Godisna-Nagrada_Gradinka-Volkovo_3.jpg

За наградениот објект, од Асоцијацијата на Архитекти нагласуваат дека е специфичен за македонската пракса и претставува одреден чекор напред кон посмело размислување во проектантскиот процес за оваа типологија на објекти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што ја одредува СУДБИНАТА на човекот? Десет цитати од познат психолог кои можат да дадат одговор

Познат психолог открива што е тоа што, според него, ја одредува судбината на речиси секој …