Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил организирале повик преку видео врска и разговарале со деца ширум Америка, што е традиција на Белата куќа, а се емитува и на телевизија. Сè се одвивало според планот се додека еден од родителите кои се вклучиле не го опцуил претседателот, кој веднаш не сфатил за што се работи.
Во текот на разговорот се јавило семејство од Орегон – Грифин (11), Хантер (3), Пајпер (4) и Пенелопе (2), како и нивниот татко Џаред.
Откако размениле неколку реченици, Џил му посакала среќен Божиќ на семејството во Орегон, а во убавите желби се придружил и претседателот.
Таткото на четирите деца одговорил дека се надева дека првото семејство во САД ќе има убав и мирен Божиќ, а потоа следувал делот кој никој не го очекувал.
CALLER: "Merry Christmas and Lets Go Brandon:"
BIDEN: "Lets Go Brandon, I agree" pic.twitter.com/K8PpzceB3K
— Greg Price (@greg_price11) December 24, 2021
„Среќен празник и…ајде да одиме Брендон (Let“s go Brandon)“, рекол Џаред, на што Бајден одговорил дека се согласува со пораката и рекол и „Ајде да одиме Брендон“.
Меѓутоа, американскиот претседател во тој момент не знаел што се крие зад необичната порака. Имено, „Ајде да одиме, Брендон“ е шифра за вулгарна порака која се римува со „Ајде, Бајден“.
Пцовката настанала на 2. октомври на трката НАСКАР во државата Алабама кога возачот Брендон Браун победил во првата серија „Xfiniti“.
Потоа тој бил интервјуиран од репортер на NBC Sports, а зад него толпа луѓе извикуваа нешто што изгледало како да викаат „Let”s go Brandon“, а всушност извикувале „Fuck Joe Biden“ (Ебати Џо Бајден). Од тој момент „Одиме, Бајден“ станала шифрирана порака за навреда на американскиот претседател.
Фото: Принтскрин/Twitter