Лук Тил, тринаесетгодишно момче од Ајова, САД, има многу занимливи интересирања, а меѓу нив е и градежништвото.
Благодарение на ова, и неговата упорност, тој постигнал импресивен проект во дворот на неговите родители.
Лук сам изградил мала куќа, а во видеото објавено на Јутјуб објаснил како се одвивала изградбата.
Момчето открило дека летото секогаш му било досадно, па решил да си изгради катче за себе. Многу му помогнало тоа што татко му уште од мали нозе го научил да работи алат. Користел претежно рециклирани материјали, најмногу од старата куќа на баба му, додека влезната врата ја земал од другарот на вујко му. Како се одвивала изградбата, како и како изгледа внатрешноста на куќата на Лука, подетално погледнете и слушнете во видеото:
Фото: Принтскрин/YouTube