Дали некогаш сте помислиле дека некој е „вистинскиот“, а да испадне дека само ве искористил за да ја натера бившата да биде љубоморна? Од друга страна, можеби сте мислеле дека навистина му се допаѓате, но ве гледал само како сексуален објект. Неблагодарно е да се влезе во играта наречена „заведување, освојување и забава“ без претходна „подготовка“.
Затоа, држете ги очите широко отворени, бидејќи тоа се знаци кои укажуваат дека сексот е единственото нешто што го интересира.
Разговорите со него секогаш се сведуваат на секс
Како се одвива разговорот меѓу вас двајца? Ако на саканиот му поставите едноставно прашање, за тоа што би сакале да јадете за вечера, а тој ви одговори „ти“, можеби ќе помислите дека тоа е многу слатко и дека е навистина заљубен во вас. Меѓутоа, ако секој ваш разговор завршува на ист начин, со асоцијации за секс, не е тешко да се заклучи она што секогаш е на ум на вашиот сакан.
Секогаш доцна испраќа пораки
Размислете: кога вашиот сакан има навика да ви испраќа пораки? Дали се ова пораки за добро утро или обично функционира по полноќ? Ако е второто, не е тешко да се заклучи дека тој навистина не сака да разговара, туку да го изгужва креветот со вас. Пораките и повиците после полноќ имаат само една цел, затоа не бидете слепи за да ја видите.