(Рецепт) ИДЕАЛНИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ: Какао бисквити со ореви

Состојки:
– 100 гр шеќер
– 60 гр путер
– 1 јајце
– 100 гр брашно
– 20 гр какао во прав
– прстофат сол
– 1 лажичка прашок за пециво
– 1/3 лажичка мелен цимет
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 50 гр крупно сечкани ореви или други јатки
Подготовка:
Оревите или другите јатки ситно исечкајте ги.
Во сад изматете го путерот со шеќерот, па додадете го јајцето.
Продолжете со матење додека смесата не се згусне и не стане пенеста.
Додадете екстракт од ванила, брашно, какао, сол и прашок за пециво.
Матете на мала брзина само да се соединат состојките. Со лажица вмешајте ги оревите или други јатки по ваш избор.
Ставете ја смесата во фрижидер половина час.
Потоа земајте од смесата со лажица и ставете ја на плех обложен со хартија за печење.
Се пече на 180 степени, околу 15 минути.
Кога ќе се излади по желба посипете со шеќер во прав, па ставете во кутија за бисквити.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …