Поефикасен од витаминот Ц: Во првите денови од настинката, препорачливо е да се зема ОВОЈ МИНЕРАЛ!

Скратете го времето на болеста и ублажете ги симптомите на настинка на почетокот.
Кога ќе почувствувате благо течење на носот, гребење во грлото и блага главоболка, ова се симптомите на сезонска настинка. За да реагирате навреме и да спречите настинка, пожелно е во првите денови да се однесувате одговорно.
За почеток, одложете ги сите обврски и останете дома. Загрејте се, и одморете се што е можно повеќе, бидејќи организмот сам се лекува за време на спиењето. На вратот можете да ставите топли облоги, но важно е да се стоплите „од внатре“.
Пијте што повеќе топли чаеви, по можност нане, камилица или ѓумбир, бидејќи топлите чаеви делуваат смирувачки на иритираните мукозни мембрани, а зголеменото количество течност ги „измива“ штетните бактерии и вируси од ткивата.

This image has an empty alt attribute; its file name is cink.jpg
Иако во првите денови на настинка по навика внесуваме повеќе витамин Ц, неодамнешните истражувања покажуваат дека тогаш е поефикасно да се зема цинк.
Овој скапоцен минерал може да го скрати времето на настинка, но и да ја ублажи сериозноста на симптомите, под услов да се земе во првите 24. часа.
Некои студии наведуваат дека дневната доза во тој случај е 75 мг, што дефинитивно треба да го проверите кај вашиот лекар. Имајте на ум дека никогаш не е дозволено продолжено внесување на повисоки дози на цинк, како и можни несакани ефекти како гадење и лош вкус во устата. Во тој случај, суплементацијата треба да се прекине.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што е СЕКСОДУС? Овој „ТРЕНД“ го зафати светот и се помалку луѓе водат љубов…

Пандемијата на корона вирусот во голема мера влијаеше на нашите животи, особено на здравствениот сегмент, …