Немате многу пријатели и повеќе би сакале да бидете сами? Истражувањето открива што значи тоа!

Ако немате многу пријатели и сакате да ги поминувате вечерите сами дома, тоа не значи дека сте осамени. Според најновото истражување објавено во British Journal of Psychology, тоа би можело да значи дека сте натпросечно интелигентни.
Британските еволуциски психолози Сатоши Каназава и Норман Ли откриле дека особено интелигентните луѓе се посреќни кога поминуваат помалку време со пријателите, а резултатите покажуваат дека интелигентните луѓе ќе бидат помалку во друштво бидејќи се фокусираат на други работи.
Таквите луѓе времето поминато со пријателите го сметаат за изгубено и претпочитаат да ги следат своите цели и да работат на нивно постигнување.
Авторите на истражувањето веруваат дека однесувањето на нашите предци сè уште е вкоренето во нас.
Имено, додека живеевме во групи и ловевме и се боревме за опстанок, потребно беше да имаме што повеќе социјални контакти. Меѓутоа, денес социјалните контакти повеќе не се толку важни.
Истражувачите веруваат дека интелигентните луѓе подобро се адаптирале на модерниот начин на живот, па повеќе не чувствуваат потреба од социјални мрежи. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека и тие имаат пријатели, но во помал број и ги сметаат за многу блиски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …