Грција од недела воведува ново правило за влегување – важи за сите!

Од недела, 19 декември, секој што сака да влезе во Грција ќе мора да има негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, соопштило во средата Министерството за здравство.
Ова, како што се наведува, важи и за вакцинираните лица и е дел од напорите за сузбивање на ширењето на пандемијата на коронавирус.
Корона варијантата на вирусот омикрон е откриена во 77. земји откако за прв пат беше идентификувана пред три недели, предизвикувајќи загриженост во многу земји дека бројните мутации во сојот ќе помогнат да се шири побрзо и да се избегне заштитата што ја обезбедуваат вакцините за Ковид-19 или претходните инфекции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува четвртото издание на музичкиот фестивал Андерфест Скопје

После точно една година Андерфест по четврти пат ќе го донесе најдоброто и најсвежото на …