Сончевата сонда Паркер на НАСА стана првото вселенско летало што влезе во сончевата атмосфера, објави во вторникот американската вселенска агенција.
Сондата прелета низ горниот слој на атмосферата на Сонцето, собирајќи честички и податоци за магнетните полиња таму, соопшти НАСА, нарекувајќи ја пресвртницата „џиновски скок за соларната наука“.
„Допирањето на Сонцето со сончевата сонда Паркер е монументален момент за соларната наука и навистина извонреден подвиг“, рекол Томас Курбухен од Канцеларијата за научна мисија на НАСА.
„Не само што оваа пресвртница ни дава подлабок увид во еволуцијата на нашето Сонце и неговите ефекти врз нашиот Сончев систем, туку сè што учиме за нашата сопствена ѕвезда, исто така, не учи повеќе за ѕвездите во остатокот од универзумот“.
Вселенската агенција објави дека Паркер ги нашол вистинските услови за влегување во сончевата атмосфера на 18,8 сончеви радиуси над површината на Сонцето за време на неговиот осми лет на сонцето на 28. април, а поминувањето траело неколку часа.
„Очекувавме дека, порано или подоцна, ќе се сретнеме со горниот дел од атмосферата, барем за кратко време“, рекол Џастин Каспер, главен автор на новата статија објавена во списанието Physical Review Letters.
„Но, многу е возбудливо што веќе го постигнавме тоа.Како што сондата продолжува да се приближува кон Сонцето, на крајот ќе се приближи до 8,86 сончеви радиуси од површината, соопшти НАСА.
Фото: Принтскрин/YouTube