Никој не сака да се буди ноќе поради чувството дека партнерот прави нешто зад неговиот грб. Една девојка, која го послушала својот инстинкт дека партнерот ја изневерува партнерот, го следела и се соочила со него.
Таа го објавила своето искуство на својот TikTok профил, а видеото беше насловено: „Смешна приказна од минатото“, а приказната оди вака:
Додека таа била дома, нејзиното тогашно момче после работа заминало со пријателите на пијачка.
Ништо во таа ноќ не беше невообичаено се додека нејзиниот партнер не решил да резервира хотелска соба во 6 часот наутро по неколку пијачки.
Таа му се спротивставила, велејќи: „Зошто имаш хотелска соба во 6. часот наутро, откако ќе излезеш на пијачка со пријателите од работа?“
@sp00pybeans
funny story from a long time ago #sus #gaslighting #toxic #selfreport #cheater
♬ DONT USE NOT TV – eversincecorneliastreet
Тој одговара: „Не изневерувам, еве слика како доказ“, а потоа на својата девојка и испратил фотографија од хотелска соба за да докаже дека е сам. Сепак, се покажало дека тој не ги отстранил сите докази…
На сликата се гледа како нејзиното момче лежи на креветот и ја фотографира хотелската соба во обид да и ги ублажи грижите на својата девојка.
Но, неговата тактика не успеала бидејќи на левиот крај на сликата јасно може да се види беж чанта која дефинитивно припаѓа на жена.
Девојката рекла дека веднаш по инцидентот раскинала со своето момче, а во коментарите кажала дека нашла некој „милијарда пати подобар“.
Корисниците биле шокирани од сликата, еден корисник напишал: „Потребата да се каже ‘не изневерувам’ навистина покажува дека постои екстремна токсичност во врската“, пренесува TheSun.
Девојката тоа го потврдила велејќи: „Не беше ништо друго освен токсично“.
Друг и одговорил: „Барем бил глуп. Така е полесно да ги фатиш“.
Фото: Принтскрин/TikTok/p00pybeans