(ФОТО) Папата Франциско го примил Ибрахимовиќ. Златан го насмеал со една реченица

ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ вчера бил гостин на папата Франциско во Ватикан. Фудбалерот на Милан на папата му донел дрес, но и неговата нова книга „Адреналин“, која излезе на почетокот од овој месец.

Тие двајца пријатно разговарале, а Ибрахимовиќ во еден момент го насмеал.
„Ти донесов нешто и сакав лично да ти го дадам“, рекол Ибра додека му ја предавал книгата на папата. Потоа му го подарил дресот на Милан со бројот 11 и рекол:


„Дали ви се допаѓа Милан? Во овој дрес правам магии на теренот“, рекол Ибрахимовиќ и го насмеал папата.

View this post on Instagram

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …