(ФОТО) Мишо Ковач повторно е хоспитализиран, здравствената состојба му се влошила

МУЗИЧОТ Мате Мишо Ковач (80) повторно е во сплитската болница, откако во вторникот излезе од неа, јавуваат хрватските медиуми.
Мишо беше пуштен на домашна нега во вторникот, но повторно бил хоспитализиран во вторникот вечерта. Температурата му е зголемена, па состојбата ќе ја следат во болница.
Да потсетиме, Мишо неодамна доби короната, а заразени биле и неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана. Потоа завршил во болница, добил кислород и му се подобрило здравјето, па бил пуштен на домашна нега.
Инаку, Мишо Ковач кон крајот на минатиот месец беше хоспитализиран на Одделот за пулмологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, а лекарите се посомневале на пневмонија. На крајот се испоставило дека нема пневмонија, па музичарот по антибиотска терапија бил пуштен дома.

This image has an empty alt attribute; its file name is miso-kovac.jpg
„Мојот Мишо беше примен на Одделот за пулмологија на Универзитетскиот болнички центар Сплит пред неколку дена со дијагноза сомнителна пневмонија, која подоцна се покажа дека е невистинита, па со задоволство можам да потврдам дека Мишо нема пневмонија и дека е пуштен дома“, изјави тогаш неговата сопруга Лидија.
„Ви благодарам на сите за грижата и особено за многу добриот прием на песната што ја направи за Хајдук, тоа многу му значи и наскоро ќе се видиме на Пољуд“, додала таа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛАРА ФЛИН БОЈЛ – Ѕвездата на „Твин Пикс“ ретко се појавува во јавноста, многумина сметаат дека изгледа непрепознатливо

Лара Флин Бојл беше ѕвезда на серијата „Твин Пикс“ во раните 1990-ти. После тоа таа …