(ВИДЕО) Научници: Се случуваат драматични промени на „Глечерот на судниот ден“

НАУЧНИЦИТЕ предупредуваат на драматични промени на еден од најголемите глечери на Антарктикот и најавуваат дека овие промени може да доведат до сериозни последици во следните пет до десет години.
Тие велат дека пловечкиот дел од глечерот Твајтс, кој досега бил релативно стабилен, би можел „да се скрши како шофершајбна од автомобил“. Американските и британските истражувачи спроведуваат опсежно истражување на Твајтс поради сè побрзото топење. Глечерот веќе исфрла 50. милијарди тони мраз во океанот секоја година.


„Сценарио за судниот ден“
„Таквото топење досега имаше ограничено влијание на глобалното ниво на морињата, но има доволно мраз што може да се стопи и да го зголеми нивото на океаните за дури 65. сантиметри“, велат научниците.
Таквото сценарио за „судниот ден“ веројатно нема да се случи уште многу векови, но истражувачкиот тим вели дека Твајтс сега реагира многу брзо на глобалното затоплување.
„Ќе има драматични промени на предниот дел на глечерот, веројатно за помалку од една деценија. Објавените и необјавените студии укажуваат на таа насока“, рекол професорот Тед Скамбос, американски главен координатор за истражување.
„Ова ќе ја забрза стапката на топење (на Твајт) и ќе го прошири опасниот дел од глечерот“, изјави тој за BBC News.

Стапката на топење се удвоила
Твајтс е огромен. Тоа е приближно со големина на Обединетото Кралство или Флорида, а стапката на топење е двојно зголемена во последните 30. години. Научниците велат дека тоа е резултат на топлата океанска вода што влегува од олу и го топи лебдечкиот фронт на Твајт.
Тие велат дека источниот фронт на глечерот најверојатно ќе се одвои од гребенот во следните неколку години, што ќе го дестабилизира.
„Го визуелизирам тоа до некаде слично на прозорецот на автомобилот каде што имаш неколку пукнатини кои полека се шират, а потоа одеднаш целата работа само почнува да се крши во сите правци“, објаснил д-р. Ерин Петит од Државниот универзитет во Орегон.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се чествува Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста): Нејзината икона има чудотворна моќ, па жените кои сакаат пород треба да го направат ова

Македонската православна црква денеска прославува голем празник, Пречиста Богородица. Кога Пресвета Дева Марија наполни три …