(ФОТО) По две години операции, на девојчето и е отстранета црната бенка од лицето со која се родила

На Луна Таварес – Фенер конечно целосно ја отстранила од лицето црната бенка во форма на пеперутка со која е родена. Родителите се плашеле дека нивната ќерка ќе биде жртва на насилство поради неа, па решиле да го отстранат.
„Околу 80 отсто од луѓето кои ми се јавуваат и имаат иста дијагноза велат дека биле малтретирани со години. Не сакам Луна да помине низ тоа. Кога ќе излезевме на улица, луѓето зјапаат и покажуваат или се приближуваат. Ужасно е. Странците велеа дека е одвратно и не можев да поднесам еден ден тоа да го минува и на училиште“, изјавила мајката на Луна, Керолин Фенер.

View this post on Instagram

A post shared by ♥️ Luna ♥️ Mãe no Controle 👀 (@luna.love.hope)


Методите за отстранување на таков младеж не се достапни во САД, каде што живее семејството, па затоа отпатувале во Русија.
„Луна веќе зборува. Среќна е што веќе нема црна дамка, вели дека сега е принцеза”, открил др. Павел Попов.
Семејството ќе се врати дома за Божик, а потоа по Нова година повторно ќе отпатува во Русија за да ги заврши преостанатите неопходни процедури кои ќе ги отстранат лузните од лицето на девојчето.



За самите операции собрале 69.700 долари, а имале поддршка и од анонимен донатор од Русија, кого го нарекуваат свое чудо.
„Главниот дел е завршен, но тоа не значи дека сме готови. Луна сега одмара и ја чекаат естетските зафати“, објаснува Керолајн.

Девојчето е родено на 7. март 2019. година со вроден меланоцитен невус кој зафаќа едно од 20.000 родени бебиња во светот и може да биде канцерогено, што во случајот на Луна, за среќа, не е. Нејзината мајка Керол решила да ги освести луѓето за овој тип на бенки, па направила страница на Инстаграм каде објавува фотографии од својата ќерка, која луѓето набрзо ја нарекле „мала пеперутка“. Но, секако, меѓу 70.000 следбеници имало и тролови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. зборови кои ќе го променат текот на вашата врска: Обидете се да го кажувате ова почесто и вашата врска ќе цвета

Три збора што треба да ги кажувате во врската… Еден љубезен збор отвора и железна …