(ВИДЕО+ФОТО) ИНТЕРВЈУ: Марија Каева: „Баш сум среќна што чуднава пандемиска година ми почна со насловната песна од албумот ‘Фортуна’“

Повеќе од две децении, Марија Каева е добро познато име на Македонската музичка сцена. Нејзината харизматична појава, прекрасен вокал, извонредна лирика и авторски печат, станаа неизоставен дел од нашиот музички живот низ годините. Незаборавни радиски хитови, но и ангажирани авторски авантури и огромен број соработки со некои од најквалитетните домашни музички имиња, се одлична база за развој.

Нејзиниот пат низ музичкиот свет е уникатен и неретко зафаќа неочекувани странични улички, но авторскиот набој е несомнен, а новиот албум „Фортуна“ е само доказ за зрелост, директна соработка на Марија Каева со еден од нашите најпродуктивни и секако најквалитетни музичари, господинот Владан Дробицки (Сетстат, МОБ, Кантон6, ПМГ Колектив), за кого овој албум носи неочекуван излет во електро поп води. Нешто што на Каева совршено и лежи, па таа фанстастично го надградува со својата лирика и музикалност.
„Фортуна“ е еден од најдобрите албуми оваа година и носи повеќе композиции со хит потенцијал, но и подлабоки аспирации. Албумот излегува на band camp-от на PMG Recordings во понеделник на 13. декември, а промотивниот концерт, каде Марија ќе настапи во живо придружена од Владан Дробицки (електроника) и Дино Милосављевиќ (тапани) ќе се одржи на 17. декември, петок, во Младинскиот Културен Центар, Скопје. Специјални гости на концертот со настап во живо ќе бидат скопските Диџеј Магија, супер група составена од Галатеа и Андреја Салпе, добро познати ликови од локалната електронска сцена.


This image has an empty alt attribute; its file name is marija-kaeva-promo.jpg

Сето тоа причина за еден отворен „муабет“ со Марија:


 Марија Каева беше и остана своја! Преслушувајќи ги твоите досегашни песни па и „Добро утро“ ми се наметна прашањето што подготви Марија за деби албумот (ако не го сметаме „4 Инциденти“?

Ти благодарам за пофалниот впечаток и за поканата.
Ова е пред сѐ прв пат да работам вака интензивно со музичар од класичната и џез сцената. Продуцент на албумот е Владан Дробицки кој е врвен тромбонист на НОБ и делотворен џезер со долгогодишно искуство на сцена. Неговата креативност и отвореноста со која се впушти во една ваква поп авантура се фантастични.
Фортуна е мелодичен албум со текстови кои честопати имаат поетски набој и во поголемиот дел се белешки од 2021 година, но има и топли погледи наназад. Започнавме да работиме онлајн на географска дистанца за време на долгиот лок даун зимава, користејќи ја технологија што ни стои на располагање. Од април натака доработувавме и работевме нови работи на лице место. Мислам дека сите овие работи и склопот на околности допринесоа да се случат песните на „Фортуна“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …