Еве што од УХМР најавуваат за времето за наредните 5. дена

Следува период на постудено време во кое претежно во планинските делови ќе провејува снег. Постојната снежна покривка полека ќе се намалува со исклучок на Повардарието каде што ќе настапи релативно побрзо топење на снегот.

Ниските температури не потсетуваат дека сме блиску до зимата, но да видиме што најавуваат од УХМР за наредните 5. дена:
Денеска (недела) претежно претпладне, ќе има слаб локален дожд на југоистокот и повремен снег во планинските региони. Преку денот во западните делови на планините ќе има слаб снег, а понекаде на повисоките места повремено ќе се изменуваат дожд и снег.Утринските температури ќе се движат од -4 до 5, а дневните од 0 до 9 степени.
За утре (понеделник) се најавува променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Од пладневните часови во централните и источните делови ќе провејува слаб снег. Утринските температури ќе се движат од -6 до 3, а дневните од 0 до 8 степени.
Во вторник не очекува променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец најизразен вдолж Повардарието. Минимална температура: -6°C до 2°C. Максимална температура: 1°C до 8°C
За среда се најавува сончево но студено со мала до умерена облачност и студено со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура: -7°C до 2°C. Максимална температура: 2°C до 8°C.
Во четврток ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура: -6°C до 1°C. Максимална температура: 1°C до 8°C.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПОТРЕСНО! ЈА ВРЗАЛА КОСАТА И ОТИШЛА ДА СЕ БОРИ А ПОТОА Е УБИЕНА: Имала само 20. години и штотуку станала новиот симбол на револуцијата!

Сите се прашуваат која е девојката која беше убиена во Иран на протести, која преку …