(ВИДЕО) Тренерот ветил шоу доколку ја освои титулата. Еве што направил кога го освоил трофејот!

„ЊУЈОРК СИТИ ФК“ синоќа ја освои својата прва МЛС титула во својата историја.
Њујорк го победи фаворизираниот Портланд Тимберс на гости со подобро изведување пенали (4-2) по ремито 1-1 по 120 минути. Гостите поведоа во 41. минута со голот на Кастеланос, а Портланд го доби продолжението длабоко во судиското обештетување преку Море.
Ѕвезда на вечерта по победата на Њујорк беше нивниот норвешки тренер Рони Деила, кој го презеде клубот во 2020 година. Кога пристигна, Деила вети дека ќе се соблече на тревата, и тоа не ако, туку кога ќе му ја донесе титулата на својот клуб.


Деила го одржал зборот и по прославата го извел шоуто. Тој застанал пред навивачите опкружен со своите играчи, а потоа почна да соблекува се’ на задоволство на насобраните. Норвежанецот ја соблекол јакната, кошулата и панталоните и остана само во гаќи и со тоа го подигна трофејот за титулата.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КРАЈ НА ГРУПНАТА ФАЗА – Пред нас е голем ден на Светското првенство: Србија сака да се одмазди – се збогуваме со фаворитот од сенка?

Остануваат уште четири натпревари од групната фаза на Светското првенство во Катар и тие се …